Вдишувањето црвено вино ги штити белите дробови

Црвеното вино е добро за нас и тоа го знаеме со години наназад. Здравствените придобивки кои тоа ги носи со себе, се однесуваат на намалување на ризикот од заболување од одредени видови рак, одржување на срцето и спречување на губитокот на вид.

Можеби ова ќе ве поттикне токму денеска да испиете една чаша вино и да му помогнете на вашиот организам. Сепак, едно истражување заклучило дека поинаквиот вид на употреба на ова вино има значително подобри својства.

Имено, студија спроведена на Женевскиот универзитет во Швајцарија покажала дека вдишувањето на црвеното вино може да помогне во намалување на ризикот од рак на бели дробови. Студијата била извршена врз глувци кои биле инфицирани со ова смртно заболување, а довела до сознание дека вдишувањето на ваквото вино значително помага во борбата со оваа болест. 63 отсто од глувците кои биле дел од оваа студија не развиле канцер, што значи дека црвеното вино има редуктивен ефект врз клетките на ракот на позитивен начин.

how-to-taste-wine
Како што стои во објаснувањето од студијата кое ја издал универзитетот, таа може да се применува и на луѓе, а делотворна е поради хемиското соединение кое се наоѓа во виното, а произлегува од семките и лушпата на грозјето. Кога внесувате ресвератрол во организмот, хемиското соединение влијае на вашиот дигестивен тракт, но не може да дојде до белите дробови. Со самото вдишување на црвеното вино, концентрацијата на ресвератрол во вашето тело станува дури два пати поголема.

Ова е дефинитивно големо откритие, кое е повод за радост, но тоа не е се. Истиот истражувачки тим од Женева признал дека моментално се занимава со пронаоѓање на одреден вид биомаркери, кои би им помогнале да ги идентификуваат лицата погодни за третман со ресвератрол. Ова хемиско соединение се наоѓа во бројни суплементи, па затоа нема потреба од понатамошни истражувања пред да се почне со комерцијална употреба. Со други зборови, бидејќи фармацевтските компании не се заинтересирани за економскиот фактор на ресвератролот, овој истражувачки тим може слободно да го проучува и користи.

Веруваме дека сите љубители на виното ќе бидат радосни што нивниот омилен пијалак е уште поздрав отколку што претходно се мислеше.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *