Бовин дел од Винодонија 2018

Винската страст и возбуда која ја носи третото издание на македонскиот вински салон, Винодониа полека се приближува кон својата кулминација. Годинава Ве воведуваме во винскиот настан број еден во земјава со посебна најава за секоја винарија – учесник на настанот.
Започнуваме со еден од најпопуларните вински брендови во Македонија и основач на категоријата врвни вина, Bovin Winery која е спој од традиција, тероар и квалитет. Сопствените лозја во прекрасното Лепово брдо составени од широка палета на сорти им овозможуваат основа за квалитетни оригинални вина широко прифатени од винската публика.
На Vinodonia 2018 на 23-ти и 24-ти ноември во Skopje Marriott Hotel, не пропуштајте да се потсетите на нивните Мускат Темјаника, Шардоне, Александар, Симфони, Дисан, или моќниот Император.
Споделете ја Вашата винска страст!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *