Дојде Божоле. Денес, наздравете со чаша младо вино

Дојде Божоле!!! Секоја година со овие зборови најстрасните обожаватели на виното го отвораат првото шише од новата реколта младо вино. Француската винска традиција за Божоле брзо го обиколи светот, за да стане еден од најважните настани во винската индустрија.
По традиција продажбата на Новото Божоле заврши синоќа на полноќ, точно кога стрелките на часовникот го означија почетокот на третиот четврток од ноември. Според францускиот закон за вино, само по тој датум младото Божоле може да влезе на светскиот пазар.
Винариите низ Македонија и годинава традиционално ќе го прослават пречекот на “Божоле Нуво”, заедно со своите колеги од повеќе од 100 земји низ целиот свет. Ќе се отворат новите вина, ќе се дадат првите коментари и ќе се оценува годината која полека ни заминува.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *