Работилница: Квасецот како дел од создавањето на врвното вино

Иако човекот започнал да прави вино уште пред илјадници години, тајната за како тоа се создава и што всушнот се случува во текот на ферментацијата ја открива многу подоцна, во поново време. Разбирањето на тие процеси доведоа до систематско изучување за улогата на квасецот во процесот на правење вино и неговото незаменливо место во целокупната винска приказна.
Токму со цел да се научат тајните за создавањето на врвно вино, како и минатите години, така и годинешното издание на Винодонија ќе донесе голем број на вински работилници.
На едукативна работилница водена од реномираниот професор Д-р Михаил Петков од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, закажана за во петок, 23 ноември со почеток од 14 часот и 30 минут, ќе дознаеме за видовите квасци, нивната типологија, потекло и функција, а сето тоа ќе биде проследено со споредбена дегустација на вина кои се направени со различни квасци и на вина без употреба на селектирани квасци.
Запознајте се со магијата на квасецот и засакајте го виното уште повеќе!
Цената за присуство на работилницата изнесува 800 денари, а со секоја купена карта за работилницата, добивате 50% попуст на влезницата за главниот салон Vinodonia 2018.

Резервирајте ја Вашата влезница навреме на 078 206 320 или 070 223 885.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *