Пробајте го омилениот рецепт на германците за греано вино

Нема ништо поубаво од вкусот на греано црвено вино за празничните моменти кои доаѓаат. Мирисот на виното со канела секогаш потсетува на најубавиот период од годината. Има еден Германски рецепт за подготовка на оваа напитка. Погледнете дали и вие на истиот начин го подготвувате виното, или сепак има нешто што би можеле да научите од Германците.
Потребни состојки:
1 шише црвено вино
50 грама кафеав шеќер
50 грама мед
2 зрна каранфил
100 мл коњак
кора од портокал
кора од лимон
10 зрна црн пипер
1 зрно анасон

Начин на подготовка:

Загрејте го виното со сите додатоци освен коњакот до точка на вриење. Оставете да се излади на собна температура и процедете го. Потоа додадете го коњакот и повторно ставете го на топол оган да загрее. На крајот сипете го виното во претходно затоплени чаши.
Овој вкусен напиток најмногу се користи како лек за настинка, но исто така е омилен пијалок на оние кои се љубители на црвените вина. Има навистина многу рецепти за подготовка на греано вино, но вие може да го комбинирате со парчиња јаболка, сушени плодови или црвени боровинки.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *