Кожувчанка ДОО донираше 120 амбиентални прочистувачи на воздух

Премногу причини да се чувствувам достојно денес. Фондацијата Никола Јанчев е основана со цел Кавадарци да прерасне во хумана заедница во кој секој секому помага, заедница во која жителите ќе се респектираат и меѓусебно почитуваат…
Денешното дружење по повод донацијата на 120 амбиентални прочистувачи на воздух започна со пригоден збор на Јанинка Чупаркоска, директор на Кожувчанка и претседател на фондацијата Никола Јанчев. „Загадувањето на воздухот е тема која веќе подолго е присутна меѓу нас. Денес во Кавадарци се поставуваат 120 амбиентални прочистувачи на воздух во сите училници во основните училишта“.
На крајот од денешното дружење Јанинка Чупаркоска им го честита Св. Никола на сите сограѓани и притоа им посака многу здравје љубов и среќа во новата година.

48413858_10210258880986765_4576953661581688832_n
Во продолжение директорите на основните училишта во Кавадарци ги подигнаа своите ваучери а истите добија мали насоки и инструкции за нивното работење.
На денешната средба на фондацијата Никола Јанчев пред медиумите се обрати и градоначалникот Митко Јанчев коj меѓу другото истакна дека ќе биде секогаш тука за своите пријатели и жителите на општина Кавадарци и ќе чекори по стапките на хуманоста која е всушност и основата на фондацијата Никола Јанчев.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *