Интервју со винарија „Бади“: Каберне Совињон од доцна берба е нашата гордост

„Винодонија 2018“ по трет пат ги оправда очекувањата на сите оние за кои виното е многу повеќе од пијалок. Освен што можеа да се дегустираат различни вина од домашни и странски производители и да се научи нешто повеќе за виното, присутните имаа можност да разговараат и директно со самите производители на виното. Можноста да разговараме со винариите ја искористи и тимот на винотика.мк кој направи интервјуа со најголемиот дел од учесниците на винскиот салон кои ќе бидат објавени во наредниот период. Второто интервју е со винскиот ентузијаст, Блаже Бади Миневски, кој за разлика од сите останати, на присутните им ги понуди своите органски Кабарне Совињон вина, од нормална и од касна берба, кои предизвикаа вистинско воодушевување.

vinotika.mk: Бади, секогаш е убаво кога на ваков значаен вински собир ги препознаваш и се гордееш личностите кои секојдневно ги среќаваш низ својот град. Меѓу нив секако си и ти како претставник на винарија „Бади“. Какво е чуството да се биде за прв пат од другата страна на штандот со оглед на тоа што претходните две години беше дел од Винодонија, но како посетител.

Блаже Миневски: Секогаш е убаво да се биде Винодонија. Јас сум овде трета година по ред, но прв пат како учесник. Прв пат се претставуваме со наше лично производство на Каберне Совињон од касна берба, органско производство, хемиски нетретирано лозје, хемиски нетретирани вина, ферментација по природен пат, нефилтрирани, нестабилизирани, едноставно да речеме живи вина.

vinotika.mk: Колку знаеме ние, македонците потрошувачи да му дадеме внимание на овој нетипичен, некласичен, некомерцијален?

Блаже Миневски: Органското производство е да речеме западен правец. Кај нас производството секогаш било органско, само ете, начинот на производствто, хиперпродукциите налагаат конвецнионалното производство да се оди кон употреба на пестициди и хемиски препарати. Органското производството е чистиот производ преточен од природата со мали корекции, колку едноставно да се стабилизира и издржи во шишето колку што треба.

46855695_10213010889855470_5707892668869115904_n

vinotika.mk: За оние кои не знаат, накратко, која е винарија „Бади“?

Блаже Миневски: Блаже е долгогодишен ентузијаст, па да речеме повеќе од 10 години, на кого виното му е некоја средношколска љубов. Почнав сам дома, како секој типичен кавадарчанец имаме лозје. и ете љубовта кон виното, желбата да пробаме нешто ново, модерно, го одреди правецот. Според мене винарството е единствена опција за развој на Тиквешијата. Виното е култен статус, културен белег на едно општество, едноствно го издигнува истото. Ние во Македонија имаме супер услови, супер почви, супер климатски предиспозиции да бидеме помеѓу најдобрите. Ние сепак котираме долго време на винските берзи, но тоа булк производство, наливно, треба да го свртиме кон флаширани, културни, прави вина.

vinotika.mk: Што им понудивте на посетителите на Винодонија?

Блаже Миневски: На сите присутни им понудив да пробаат два типа вино Кабарне Совињон, еден да речеме „нормален“ и еден од касна берба. „Нормалниот“ Кабарне Совињон е помек, попристоен за консумација, додека гордоста е, знаете секогаш има некој производ кој Ве прави горди, тоа е Каберне Совињон касна берба. Сто процентен Каберне Совињон, оддржан со долга мацерација, со минимални додатоци на сулфур, чисто за дезинфекција, високи алкохоли 15,5%, големо буке. Сега конкретно се работи за редуктивно вино бидејќи уште не е одлежувано, сепак е уште многу младо. Пред минатата недела учествувавме на натпреварот на избор на младо вино на здружнието на енолози на Македонија каде освоивме високо Гран При. Енолозите беа навистина задоволни, исто како и јас како млад ентузијаст, и искрено се гледам во овој бизнис.

vinotika.mk: Кој се импресиите кога консументите ќе го пробаат овој Кабарне Совињон од доцна берба?

Блаже Миневски: Тие што го немаа пробано се импресионирани. Луѓето се презадоволни, затоа што се работи за комплексно вино, моќно вино, треба малку технологија, малку вртење, декантирање, и се разбира добар нос.

46931293_10213010890135477_4431239603210420224_n

vinotika.mk: Зошто токму органско вино?

Блаже Миневски: Мислам дека тоа е нашата иднина. Ги имаме сите микроклиматски услови да можиме да работиме. Ние во Тиквешијата во глобала сме органско поднебје, имаме добри ветрови, одлична клима, многу сончеви денови, и тие работи можат да не направат рамо до рамо со најголемите органски дистрикти во светот.

vinotika.mk: Колку време му е потребно на ова Кабарне од доцна берба да го достигне својот максимум во квалитетот?

Блаже Миневски: Пред се зборуваме за органско вино. Органските вина сами по себе се високо одржливи вина. Иако нема додадено конзерванси, ова високо алкохолно вино во себе содржи конзерванси. Мое мислење е ако веќе се оди на одлежување, тоа се 4 години. Педесет месеци убаво одлежување, дали барикирано, дали да се остави на фин талог…

46914986_10213010890495486_2038854042364411904_n

vinotika.mk: Претпоставувам користите грозје само од Ваше, контролирано потекло?

Блаже Миневски: Седумдесет проценти од грозјето е од сопствено производство, додека 30% го набавувам од кооперанти. Оваа година е прва со поголема количина, капацитет од некои 6000 литри, па моравме да надополниме со суровина од кооперанти.

vinotika.mk: Колку е барано органското вино?

Блаже Миневски: Искрено, ова ми е десетта берба по ред во која правам вино, се разбира освен за семејни потреби, за домашна употреба, за пријателите… Органското вино и да не биде класифицирано како органско вино никој нема да го препознае. Тука е тој етичкиот дел во винарството, и колку ние сме подготвени да се дадеме самите себе во самото вино. Органското вино сеуште е во некаков вид на табу тема кај нас. Тоа се некои западни правци кои сега влегуваат и на нашиот пазар и мислам дека многу добро ќе поминиме во однос на побарувачката.

vinotika.mk: Сосема за крај, што е следно што ќе ни понуди винарија Бади?

Блаже Миневски: Подготвуваме мал капацитет на мини винарија со дегустациона сала каде што ќе ги очекуваме сите кои сакаат да пробаат едно поинакво вино и да разговараме заедно за истото.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *