Шпанците направија вода со вкус на вино

Винарница од Шпанија создаде вода со вкус на вино, што на потрошувачите им овозможува да уживаат во вкусот на бело или црвено вино без да се плашат дека може да се напијат.
Овој пијалак го носи името Vida gallaecia и е резултат на двегодишна соработка меѓу винарницата Likuido Galaecia и научници од државниот Универзитет за научни истражувања.
Водата има вкус на вино, но не содржи алкохол и многу малку калории, што ја прави погодна за пиење во секое време. Иако рецептурата е добро чувана тајна, сепак во процесот на создавање се користи грозје и остатоци од процесот на производство на вино.
“Водата е збогатена со различни ароми од грозје, а тоа и претходно се покажа како многу успешна формула што нуди бројни здравствени бенефити. Пијалакот има позитивно влијание врз дијабетесот, а содржи и голем број антиоксиданси“, вели Кармен Мендез, доктор за биологија и истражување на Универзитетот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *