Празниците завршуваат, време е за винска диета

Денеска и официјално завршуваат серијалот на јануарски празници речиси секојдневно не собираа околку софрата. Резултатот од празничните дружби освен празен новчаник е и полн стомак. Доколку сакате да се вратите на старата килажа, утре е убав понеделнички ден за да ја започнете вашата нова, винска диета.

Винската диета не само што допушта вино, туку тоа е и нејзината главна состојка. Експресната диета помага да се ослободите од 4-5 килограми за пет дена. Но затоа треба, се разбира, да си поставите некои ограничувања.
Всушност винската диета не е само за љубителите на алкохолот, туку е и научно оправдана теорија. Британскиот научник Роџер Кордер успеал да го докаже мноштвото корисни својства на црвеното вино, вклучувајќи го и неговото позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем на човекот. Ако одлучите да преминете на винска диета, подолу е наведено менито на што треба да внимавате. Во овие пет дена појадокот треба да се состои од еден портокал и еден варено јајце. По неколку часа можете да каснете и едно зелено јаболко. За ручек мора да земете 200 гр. нискомаслена урда со една мала краставица. Што се однесува до вечерата не треба да биде после 6 часот, треба да голтнете 200 гр. црвено вино, задолжително со многу добар квалитет.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *