Словенските вина ги носат туристите на село

Иако никогаш не сме ја доживувале како винска земја, Словенија и тоа како има што да каже на светската винска сцена. Влијанието на соседната Италија секако е огромно, иако словенските вина по многу нешта се специфични самите по себе. Меѓу најважните фактори за големиот диверзитет на сортите секако и спојот на медитеранската, континенталната и алпската клима токму на подрачјето на Словенија.
Црвеното вино „Терано“ на винаријата „Винакрас“ е само еден типичен претставник на вино произведено во западниот дел на земјата, која граничи со Италија. Таму на црвена земја се одгледува винова лоза богата со железо. До првата светска војна виното ’Ил терано’ се продавало во аптеки како лек за анемични особи, а дури и денес лекарите им го препорачуваат на пациентите со лоша крвна слика да пијат една чаша терано дневно.

vinakras
Различните вински уживања кои ги нудат словенските вина привлекуваат се поголемо внимание, а тоа не поминува незабележано. Инвестирањето во руралниот туризам надополнет со винскиот туризам е полн погодок, па оние кои веќе неколку пати ја посетиле Тоскана, поради близината ја бираат Словенија. А ако дојдете во некое село, каде постојат три винарии, тогаш задолжително вечерајте и преноќете во селото. И да, раскажете ја својата винска приказна од словенските села.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *