Во понеделник, поетско читање и дегустација на вината на Бади

Со бројни настани во духот на виното и љубовта, Кавадарци и годинава ќе ги одбележи двата празника, Свети Трифун и Свети Валентин.
Во склопот на чествувањето на празниците е и дегустацијата на вино од домашната винарија Бади на Блаже Миневски.

Дегустацијата ќе биде збогатена со поетски читања на младите професорки по книжевност Марија Камчева и Ивана Димова. За музичката придружба ќе бидат задолжени Виктор и Ристе.
Настанот ќе се оддржи во понеделник 11 февруари, во градската библиотека „Феткин“ со почеток од 19 часот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *