Разведените Бред и Анџелина најавуваат ново вино

Иако убавите денови исполнети со љубов веќе оддамна се минато за Анџелина Џоли и Бред Пит, и секој од нив продолжува по сопствениот пат, сепак бизнисот, особено оној винскиот никако не смее да трпи, ниту по цена на разводот.
Славниот пар и покрај разводот продолжува со развивање на бизнисот со француската винарија кој го започнаа пред неколку години, а веќе го најавуваат и новото вино кое треба да се појави на пазарот многу наскоро.
Според извори блиски до славниот пар, винаријата на Џоли и Пит веќе на 5 март ќе го промовира новото вино розе. Виното носи назив „Студио“, а по подолго време на неговите етикети ќе се вратат и потписите на Бред и Анџелина.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *