И жителите на Виница се повеќе го усовршуваат производството на вино

Според проценка на енолозите – виничкото вино и ракија се меѓу најдобрите во регионот. Ова го потврдиле со дегустација на над 100 мостри на домашно направени црвено , бело вино , сливова и гроздова ракија:

“Вечерва има околу 70 мостри, црвеното вино доминира. Најголем дел од вината се одлични, професионално правени и им препорачувам на овдешните винари да се ориентираат кон винарството и да им биде семеен бизнис“, кажа Елена Бугева,енолог од Кавадарци.

„Четврта година сум во град Виница. Од 75 проби едвај избравме три убави вина, веќе следната година беа поубави, лани половината беа добри, ова година две третини од мострите се веќе добри“, кажа Васка Стоилова , енолог Винарска визба “Медивалеј, Бугарија.

За производство на добро вино и ракија потребно е знаење, но од огромна важност е и квалитетот на земјата и климата:

„ Поднебјето е клучно кога во прашање е квалитетот на гзрозјето, а понатаму и на виното и ракијата“, истакна Лазар Ботварски , енолог, Винарска визба “Вардарска Долина“ – Неготино.

Најдобро бело вино минатата година произвел Венцо Соколовски од Градец, а црвено вино Венцо Вуинов. За најдобра лозова ракија беше награден Војо Костадинов, а сливовата ракија ја усовршил Данило Митев. Меѓу наградените имаше гостин и од Гевгелија кој со виничко грозје направил квалитетно вино

“Имам домашно винио и ракија. белото вино е правено од сортата темјаника, а црвеното од вранец“, кажа Ристо Миов – Гевгелија, второ место за бело вино; трето место за црвено вино.

Наградите за најдобрите вина и ракии, официјално ќе бидат врачени во рамки на 39-та лозар-овоштарска вечер која се организира по повод празникот на лозарите Свети Трифун.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *