Големо враќање на најпознатиот словенски вински штрк во Македонија

И додека младите вљубеници во виното речиси и да не знаат ништо, за сите оние кои живееа во најубавите години на братската југословенска држава Радгонске Горице сеуште е синоним за врвни пенливи вина. Со сеуште истиот квалитет, потврден со признанија од најголемите и најважните вински саеми во светот, вината на словенската винарија се враќаат на македонскиот пазар, се разбира на големо задоволство на сите оние кои сакаат повторно да се потсетат на незаборавните вкусови, но и на оние кои сакаат да пробаат нешто ново, многу нетипично за нашите простори и консументи.

винотика.мк: На самиот почеток, да ги потсетиме постарите, но и да ги запознаеме младите која е Радгонске Горице?

Радгонске Горице: За помладата генарација, бидејќи постарите генерации и тоа како ја знаат, Рагонске Горице е нова фирма во Македонија, но меѓутоа се работи за винарија стара 166 години. Винаријата е најголема на балканот и помеѓу најстарите на полуостровот. Самите години си кажуваат за нејзнинот квалитет и постоење. Вината на Радгонске Горице во последните неколку 3-4 се враќаат во поранешните југословенски републики, вклучувајќи ја и Македонија, иако главниот таргет пазар останува Хонгконг, Мексико, Канада, Полска, Франција. Мислиме дека на ова поднебје му лежат други вина, а ние сме специфични со нашата понуда, особено со пенливите вина, и мораме да работиме малку на нашата култура, и да обрнеме повеќе внимание на пенливите вина. Исто така имаме и црвени и розе вина, но сепак белите сорти во Словенија се далеку поприсутни, особено во Негоштарска Словенија. Целиот овој предел е дел од некогашното панонско море, а постојаното присуство на водата е особено важно за белите сорти на грозје. Од друга страна водата е причина штркот во овој предел да биде присутен во текот на целата година и затоа е заштитен знак на винаријата.

Radgonske
винотика.мк: Значи природно е наметнато фокусот да биде ставен на белите вина?

Така е.

винотика.мк: За квалитетот говорат и бројните признанија кои доаѓаат од сите најголеми вински саеми?

Радгонске Горице: Да, Рагоднске Горице има повеќе од 20 типа вина, секоја година има вина кои се шампиони во своите категории на најважните настани. Се разбира, кога ќе добиете признанија за најдобар квалитет во Бордо кое само по себе е синоним за врвно вино, значи дека сте го достигнале максимумот.

винотика.мк: Радгонске Горице освен што нуди врвни вина, е и супер интересна туристичка локација?

Радгонске Горице: Точно, винаријата Радгонске Горице го има еден од најинтересните вински подруми. Има водопад внатре во старите римски тунели. Подрумите лежат под карпа, што освен атрактивноста овозможува одржување на константна температура и влажност во текот на целата година, што пак е од голема важност за процесот на производство на белите вина.

radgonska-penina

винотика.мк: По повод 160 години од постоењето на винаријата, отворивте и куќа за пенливи вина. Што се вклучува целиот комплекс?

Па самиот комплекс нуди многу интересни содржини. Веќе ги спомнавме винските подруми и куќата за вино, дегустациона сала со едукативен центар каде може да се дознае многу за сите вина кои ги нуди винаријата.

винотика.мк: Кои се методи се користат за производство на врвните вина на Радгонске Горице?

Радгонске Горице: Во принцип се користат два методи. Првиот е шармат метод, кој е всушност производство во големи резервоари, каде што се спојуваат неколку сорти вина, како што е лашки ризлинг, типичен за тој предел, особено за делот покрај самата река Мура, во Негоштарска Словенија која се наоѓа помеѓу границата на Унгарија, Хрватска, Австрија и Словенија. Вториот метод е по класичен, и се состои во тригодишна ферментација во самото шише во строго контролирани услови.

1351359813_2474_radgonske_gorice_kolesarjenje_vinogradi15

винотика.мк: Каде се низ Македонија може да се најдат вината на Радгонске горице?

Радгонске Горице: Со маркетинг најпрво тргнавме по специјализирани продавници за пенливи вина, можеби за кратко време ќе го промовираме и низ маркетите и рестораните, но дефинитивно прво би сакале да им овозможиме на луѓето да го пробаат виното, а потоа да го купат.

141eefb68c135bff6290bed3b1ad84ce-rimg-w719-h480-gmir

винотика.мк: Значи ли тоа дека можеме да очекуваме повеќе вложувања на македонскиот пазар, и покрај тоа што се работи за исклучително мал пазар?

Радгонске Горице: Па луѓето кај нас се помалку скептични. Повозрасните го познаваат самиот бренд и знаат што купуваат, додека младите не се запознаени и ќе работиме на тоа да им ги доближиме нашите вина. Сепак, веруваме дека со квалитетот за брзо време ќе создадеме широка клиентела и во Македонија.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *