Пробајте полнети артишоки во бело вино

Покрај виното и фудбалот, уште една од работите која е толку заедничка и за Италија и за Франција е артишокот. Ова растение е задолжителен дел и на француската и на италијанската кујна, а една од причините за неговата популарност кај на далеку прочуените заводници е и поради афродизијачки својства кои ги поседува.

Медицински е докажано дека артишокот има силно антиоксидансно дејство, а особено е корисен за прочистување на црниот дроб. Второ, артишокот се препорачува и во секоја диета поради ниската калорична вредност (во 100 грама има само 17 калории) и го намалува холестерот во крвта.

Пробајте го овој вкусен здрав специјалитет за кој не ви е потребно посебно мајсторство во кујната.

Потребни намирници за артишкот

6 артишоки, 2 дл вода, 1 лимон, 2 лажици маслиново масло, 2 дл бело вино, половина лук (исечкан).

Потребни намирници за филот

300 грама шампињони, 3 лажици маслиново масло, 1 главица кромид (ситно исечкана), половина лук (ситно исечкан), 6 лажици презли, 100 грама изрендан пармезан, 100 грама пршут (исечкан), половина лажичка црн пипер.

Подготовка

Измијте ги артишоките под млаз вода, симнете го првиот слој на кората и тврдите надворешни листови. Отсечете ја горната третина листови на артишокот и пресечените врвови премачкајте ги со лимон.

recept-21
Потоа, во лонец ставете ја водата, маслиновото масли, виното, кромидот и артишкоите. Лонецот поклопете го и варете половина часа. Во меѓувреме на маслиново масло динстанјте го кромидот. По неколку минути додадет го и лукот, пршутот и стебленцата од артишокот исечкани на коцки. Динстајте 3-4 минути, па тргнете го од оган. Додадете ги останатите состојки и добро измешајте.

Сварените артишоки наредете ги на чинија. Внимателно издлабете го средниот дел со лажица. Стебленцата од артишокот исечкајте ги и додадете ги во филот. Истурете дел од филот во средниот дел на артишокот, а потоа и меѓу листовите.

На премачкан сад за печење наредете ги полнетите артишоки. На дното на садот додадете малку вино и вода. Поклопете го садот и печете 30 минути на 200 степени, а потоа уште 10 минути печете без капак за да поруменат. Сервирајте го јадењето топло и украсете со парченца лимон.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *