Дали само тренерите во Англија пијат вино по натпреварите?

Иако Франција, Италија и Шпанија се водечки земји во производството на вино, традицијата која ја негуваат англиските тренери за пиење вино и разговор после натпреварите е неприфатлива за менаџерите на клубовите од најсилните фудбалски шампионати во овие три вински земји.

После заминувањето од Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс потпиша со Реал Сосиедад. Шкотланѓанецот сакал традицијата со вино да ја пренесе во Шпанија, но не успеал.
„Прашав неколку тренери дали сакаат после натпреварот да седнеме на вино или пиво. За жал никој не ја прифати мојата покана. Во Шпанија се ограничени разговорите меѓу тренерите“, вели шкотланѓанецот.
Во Франција исто нема таква традиција иако оваа земја важи за најголем производител на вино.
Во 2008-ма година Јунајтед и лично сер Алекс сакале да го земат Карим Бензема од Лион. Претседателот на францускиот клуб Жан-Мишел Ола не сакал да го пушти напаѓачот по ниедна цена па вешто се изавил од непријатната ситуација:
„Ја уважуваме вашата традиција и на Фергусон ќе му пратиме шише француско вино одгледано во градот во кој се роди Бензема. Виното е од 1987 година кога тој е роден. Место Карим, ќе му дадеме шише вино“, рекол Ола.
Италијанецот Антонио Конте брзо се навикнал на англиската традиција: „Многу сакам црвено вино, но тешко ми беше да пијам после мечот ако мојата екипа изгуби“, признава поранешниот тренер на Челзи.
На прашањето дали би можело во Италија да се пренесе тој британски обичај, Антонио рекол: „Во Италија има совршено поинаква култура, така што да се соберете и пиете вино после мечот е практично невозможно“.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *