Доминација на македонските вина на Mundus Vini во Германија

Шест македонски производители и извозници на вино освоија 20 високи награди, од кои 15 златни и пет сребрени медали на реномираниот вински натпревар Mundus Vini во Германија, соопшти здружението „Вина од Македонија“.

На пролетното издание на Mundus Vini во висока конкуренција од 7.200 вина што потекнуваат од 156 вински региони од различни делови на светот, се натпреваруваа и вината на ВВ „Тиквеш“, „Далвина“, „Стоби“, „Бовин“, „Камник“ и „Домен Лепово“.

bovin-casa

Вината на „Далвина“ освоија пет златни медали за Hermes Vranec 2015, Dioniz Merlot 2016, Dioniz Vranec 2016, Hermes Cabernet Sauvignon 2015 и Hermes Merlot 2015, како и еден сребрен медал за Dioniz Syrah 2016. Највисоката специјализирана награда ја понесе виното Hermes Vranec 2015 што беше прогласено за најдобро меѓу црвените вина од Македонија и се закити со медаљата Grand Gold.

 

Награди освоија и шест вина на винарската визба „Тиквеш“: Barovo 2018 (бело), Vranec Special Selection 2017, Alexandria Cuvee 2017 (црвено) и Bela voda 2016 (црвено) освоија златни медали, а Barovo 2016 (црвено) и Sauvignon Blanc Special Selection 2018 освоија сребрени медали.

TikvesHeader

Златни медали освоија Verdot Reserve 2015 и Veritas Reserva 2015 на винарницата „Стоби“, како и A’Gupka Vranec 2012 и Alexandar 2017 од „Бовин“. Виното Cuvee de Prestige 2016 на „Камник“ освои златен медал, додека Merlot Single vineyard 2015 од истата винарница понесе среберeн медал. Со златен медал беше наградено и Domaine Lepovo Rose 2015, додека со сребен медал се закити Domaine Lepovo Chardonnay 2018 на винарницата „Домен Лепово“.

Print

-За успехот на македонските винарници на овој престижен натпревар говори и фактот што во регионални рамки ниту една земја немаше толку голем број освоени награди. Конкретно, од Србија беа наградени 10 вина, 5 вина од Хрватска, шест вина од Црна Гора и две вина од Босна и Херцеговина, наведува „Вина од Македонија“.

Винарниците ќе ги подигнат освоените награди на годинашното издание на најголемиот вински саем во светот ProWein што ќе се одржи од 17 до 19 март годинава во Дизелдорф каде 10 македонски винарии ќе изложуаат на национален штанд организиран од здружението „Вина од Македонија“. Учеството на винариите на овој саем е финансиски поддржано од Министерството за земјоделство преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2019 година. Во рамките на Програмата, Министерството финансиски ги поддржува винарниците и за освоени златни и специјализирани награди од најважните меѓународни и регионални натпревари за вино.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *