Среќен роденден Петар Ангелов – Диви

Иако денес е Светскиот ден на жените, знаеме дека ниту една нема да ни забележи што овој пост ќе му го посветиме на маж, кој е наш, македонски херој, за кој сите сме навивале и во кој сме верувале.
Денес, по четврти пат откако ја започнавме оваа нашата возбудлива винска авантура, сакаме од наше име и од името на сите наши читатели да му посакаме среќен роденден на најголемиот амбасадор на винотика.мк, најголемиот помеѓу големите, Петар Ангелов – Диви.
Радосни што го имаме покрај себе, среќни што можеме да се пофалиме како едни од ретките кои во своите витрини чуваат шише од неговото вино кое е вистинска слика на неговиот карактер и возбудени за дружбите идни, сакаме да му посакаме многу здравје и долг живот.
Среќен роденден Диви!!!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *