Свето вино од манастирските бочви на Хиландар

Манастирот Хиландар освен што повеќе од еден милениум е најголемото светилиште на српскиот народ, речиси исто толку време е производител на врвно вино произведено од грозјето на манастирските лозја.
Манастирот на Света Гора поседува околу 8500 хектари земја на кои околу 15 хектари се посадени со лозови насади. Лозовите насади ги одгледуваат монсаите на Хиландар, а на нив не ретко им се приклучуваат и студентите од земјоделскиот факултет во Белград, кои имаат најголема заслуга што од година на година се поголем е бројот на лозовите прачки кои се посадуваат.

lozje_hilander
Соработка помеѓу манастирот и факултетот резултираше и со зголемување на производството на вино кое сега е достапно и во комерцијална продажба, најчесто во Србија.
На новите засади денес се одгледуваат различни сорти грозје. Покрај автохтониот српски прокупец, потоа вранец, смедеревка и жилавка, на манастирските насади се одгледуваат и грчките сорти крфско црно, атири, но и интернационално познатите сорти мерло, каберне совињон, каберне франк, гренаж и шардоне.
Виното кои секојдневно го употребува монашкото братство се чува во стариот манастирски подрум внатре во самиот манастир, веднаш под трпезарите. Со него раководи монахот Никанор, кој важи за доста вешт винар. Поради прописот на Свети Сава да на Хиландар има вино на трпезата за секого, освен кога е пост на вода, дневно се трошат повеќе од 30 литри вино.

burinja hilander
Во рамките на обновата на манастирот по страшниот пожар кој уништи голем дел од манастирскиот комплекс направен е и нов подрум кој е сместен во зградата на Свети Василиј во која се произведува виното за комерцијална употреба.

 

Денес манастирската винарија може да се пофали со неколку одлични вина, и тоа „Хиландар“, „Савино Поле“ и „Хиландар Розе“.

cropped-vinohilandara-hilandar-1

Вината може да се купат на повеќе локации во Србија, но и во Грција и Австралија.

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *