И органското вино ќе се регулира со новиот закон за вино

Производство на органски вина, ароматизирани вина и пијалаци кои се базираат на вино како и дефинирање на условите за производство на вино кај мали винарии и физички лица производители на вино се само дел од измените на Законот за вино кој е во владина процедура.

Со предлог на Законот се регулира воведување на нови производи во рамки на законот кои до сега не беа регулирани како што е новиот производ органско вино.
– Целта на предлог законот е регулирање на органско вино, ароматизирани вина и пијалаци кои се базираат на вино, како и дефинирање на условите за производство на вино кај мали винарии и физички лица- стои во Законот.

Organic_and_biodynamic_wine_production_facts_2 []
Органското вино е вино направено од грозје кое е одгледано на органски, природен начин, односно по строги правила на органското производство. Практично ова значи дека грозјето не треба да биде третирано со хемиски препарати односно во одгледувањето не се користеле пестициди, хебрициди и други хемикалии. Исто така додека зрее виното во него не смее да се додеваат вештачки ароми и вкусови.
Светските експерти велат дека овие вина дури и не се филтрираат и во нив освен вински квасец не се дозволува ништо друго.
Експертите велат дека во земјава многу тешко ќе се произведе ваков тип на вино, бидејќи кај нас лозовите насади многу се третираат со хемиски препарати.
Во класичното производство на вино според закон се дозволува да има до 350 единици сулфити. Во органското во ЕУ дозволени се од 100 до 150 единици сулфити во зависност од типот на виното. Во Америка пак ова ограничување е само 10. Каков ќе биде законот кај нас ќе треба да почекаме.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *