Неделен ручек: Телешки шницли во бело вино

Неделите се совршени за вкусен ручек во кој ќе уживате со семејството, пријателите саканите… За оваа недела Ви предлагаме телешки шницли во бело вино кои ќе Ве воодушеват.

За ова јадење потребно е:
500 г телешки шницли
1 главица кромид, ситно исецкан
3 чешниња лук, ситно исецкани
1 лажица сенф
200 мл бело вино
сол, бибер
малку вода
масло
Подготовка:
Сите шницли истенчете ги со дрвен чук, намачкајте ги со малку сенф, посолете, наросете со бибер и оставете ги во фрижидер да се маринираат. Сецканиот кромид пропржете го на врело масло. Додадете го и сецканиот лук и него малку пропржете го колку да пушти мирис. На динстаниот кромид и лук ставете ги шницлите и продолжете со динстањето додека не фатат боја од сите страни. Сипете го виното и малку вода и поклопете ја тавата. Оставете да се динста на средна температура додека не се згусне сосот. Овие вкусни телешки шницли послужете ги со варен ориз или пире од компири.

Се разбира, не заборавајте да отворите и шише „Шардоне“ на ВВМ „ГД-Тиквеш“, добитник на два златни медали од престижниот Новосадски саем.

_DSC0012_1

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *