Екс пикерот на Вардар и Металург прави вино

Младен Ракчевиќ, еден од најдобрите пивоти кои ги носеле дресовите и на Вардар и на Металург стана винар.
По изворедната ракометна кариера, црногорецот денес го живее својот сон, да произведува вино. Ракчевиќ го смени Скопје со селото Смоквица каде се наоѓа неговата приватна винарија која го носи неговото презиме.

Du81eY_XgAEciSl
„Петнаесет години сонував да правам вино и еве ме, почнав со производство. Го сакам виното како што го сакав ракометот. Спремен сум сите емоции да ги поклонам на производството на вино и знам дека резултатите ќе дојдат. Моја лична сатисфакција е ако моето вино стане вино „за душа“, вино за пријатели и вино кое ќе го пијат моите драги личности“, вели Ракчевиќ во интервју за црногорски „Једро“.
Пивотот покрај за Вардар и Металург, играше уште и за Ловќен, Колубара, АЕК и Костанца, а зад своето име има и 82 настапи за црногорскиот национален тим.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *