Ексклузивно: „Сира“ е новата гордост на ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“

Винарската визба Милев „ГД-ТИКВЕШ“ оваа пролет дефинитивно е во центарот на вниманието на целокупната македонска винска јавност. Само две недели по официјалната промоција на новиот ребрендиран дизајн на целокупната Вирго линија, ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“ на јавноста и го претставува виното „Сира“ со кое само се надополнува фантастичното портфолио на винаријата.
Произведено од одбрани гроздови од истоимената сорта на грозје кое се одгледува на сопствените лозови насади во атарот на селото Раец, на надморска височина од 350 метри, ова вино ќе биде прв избор на сите оние кои преферираат квалитетни суви црвени вина.

_DSC0070
Она што го прави специфично ова по боја темновиолетово вино е напливот од ароми кој го чуствувате при секое доближување на чашата до Вашите сетила за вкус и мирис. Мирисот на црни сливи, пита од боровинки зачинето со ноти од црн бибер и мајчина душица нудат врвно уживање во секоја голтка од виното кое има одличен баланс и комплексност со елегантни танини.
Виното „Сира“ официјално ќе биде пуштено во продажба деновиве во винотеката на винаријата лоцирана на улица „Шишка“ бр.2 во Кавадарци, а многу наскоро ќе биде достапно за консумација и во ресторанската мрежа низ Македонија.

_DSC0080

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *