Како правилно да го чувате виното

Добро подготвено јадење секогаш мора да биде надополнето со чаша квалитетно вино. Едноставно, тие две работи секогаш одат заедно, ако сакаме полн ефект. Но, често или ретко се случува да не го допиеме виното кое сме го отвориле. Затоа, ви нудиме неколку практични совети за правилно чување на виното.

Ако остане вино, тогаш мора да се чува на суво и ладно место. Само треба да ја вратите тапата и да го ставите во фрижидер. Чувајте го максимум три дена;
Ако знаете дека нема да го испиете во тие три дена, тогаш не ја ставајте тапата туку ставете тапа со гумичка, за херметички да се затвори шишето.

11-w-nash

За искрените вљубеници во виното кои имаат поголема количина шишиња во своите простории, постојат неколку методи за чување:

Доколку немате доволно простор, може да се обратите до некој од производителите. Тие, за многу мала сума, на професионален начин ќе го чуваат вашето вино.
Може да организирате и свој систем на чување. Само, имајте предвид дека она што го уништува правилното чување се лошо одржувана температура, влажност и светло. До вашиот орман за вино не смее да допре светлина. Температурата треба да е константна. За црвените вина од 10 до 18 степени, додека за белите од 7 до 15 степени.

5617f6_9827ae1dc3d741018b3f9c751fbfe9c5

Совет плус: шишињата треба да се легнати, за тапата да биде постојано влажна. Ако се исуши, виното ќе оксидира и ќе изгуби на квалитет.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *