Направете кристални велигденски јајца само со вино

Во пресрет на Велики Четврток, и денес ќе Ви понудиме неколку совети како да ги бојадисате велигденските јајца со помош на вино. Ако за вчерашниот рецепт ни беа потребни повеќе состојки, за денешниот нема да Ви биде потребно ништо друго освен вино.
За почеток, ставете јајца и налејте ги со вино да ги покрие. Варете ги на истиот начин како кога ги варите јајцата за бојадисување, на помала јачина на ринглата малку подолго време од стандардното. Откако ќе се сварат, се тргаат на страна и се оставаат така да изладат, па потоа се вадат.
Можи да користите црно вино кое во зависност од структурата и бојата на лушпата на јајцето можи да извади јајце со сиво-лилава, темно-лилава, темно-сива или како кај мене кафеавкаста нијанса. Исто така можи да употребите и бело вино со тоа што него можите да го нијансирате со некоја од боите за јајца. Откако ќе се загрее водата со јајцата, ја ставате бојата постепено до нијансата која ја посакувате. Тоа веднаш се приметува.
Овој начин на боење јајца со вино резултира на крајот да се добие обоено јајце со светки, па ако немате кристали при рака, а имате вино, тогаш можите да го искористите овој начин.
Среќни велигденски празници!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *