Папата Франциск ќе наздрави со вината на „Стоби“

Врвните вина на винаријата „Стоби“ ќе му бидат послужени на поглаварот на римокатоличката црква, Папата Франциск за време на неговата посета во Скопје.
Освен вината со кои најмоќната религиска фигура во светот ќе наздрави на свечениот ручек, винарницата Стоби обезбеди и подароци за папата како и за останатите членови на високата делегација, која ќе допатува во Скопје.
Во чест на Папата Франциск и неговите бискупи и кардинали ќе се служат едни од најквалитетните вина на винаријата „Стоби“ од кои дел освоиле светски награди, како на пример белото вино „р’кацители“, розе вино „розе алегро“, црвеното вино „аминта“ и десертното вино „роксана“.
Навистина сме почестени што Скопската Бискупија како дел од организаторите на доаѓањето на папата во Скопје ни ја дадоа нивната доверба и ги оценија вината на „Стоби“ како најдоброто од нашата земја со кои треба да се претставиме пред толку значајна личност како што е папата Франциск. Задоволството е огромно, особено затоа што се работи за историски настан кој е од огромно значење за земјава и целиот регион. Довербата што ни ја укажа Скопската Бискупија е само потврда дека нашите заложби да направиме вина со врвен квалитет даваат вистински резултат – велат од винарницата „Стоби“.

Папата со својата придружба во Скопје ќе пристигне во вторник, 7ми мај.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *