Бон – Тон правила за дегустација

Дегустациите знаат да бидат супер пријатни, забавни, интересни, возбудливи за секого, и за оние кои имаат големи, но и за оние кои имаат скромни познавања за виното. Сепак, не зависно дали спаѓате помеѓу првите или вторите, морате да се придржувате до бон-тон правилата за дегустација.
Избегнувајте да ставате на себе силни парфеми
Парфемите или колонските води – па дури и јако ароматизирани производи за кожа и коса можат да се помешаат со аромите на виното, и да Ви го намалат и Вам и на тие околу вас комплетното уживање во мирисите на виното додека дегустирате.
Бидете подготвени да платите за дегустацијата.
Винариите често утврдуваат цена на дегустацијата врз основа на трошоците на виното и оние кои ви го нудат за дегустација нивното најдобро, најверојатно за тоа и соодветно ќе ви наплатат. Некои, но не сите винарии не наплаќаат или ви ги враќаат парите за дегустација доколку купите шише вино.
Прочистете го непцето пред/помеѓу вината со голтка вода или крекер
Ова ќе ги „ресетира“ вашите сетила за вкус, така што нема да ви се преклопуват вкусовите на различните вина.

Vinitaly Tasting Tachis
Пробувајте ги вината по редослед на јачината
Започнете со пенливо вино, па продолжете со бело, па црвено, па десертно, слатокоста, суво, па слатко и староста, младо па старо. Во спротивно, силните и слатките вина ќе ги надвладеат лесните и сувите. Ако учествувате во дегустација со водич, винаријата ќе го избере редоследот за вас. Ако сте во бар за дегустација, само побарајте од барменот да ви помогне со редоследот.
Оценувајте го секое вино за изгледот, мирисот и вкусот по тој редослед
Размислувајте за тоа како да започнувате од врвот на главата па продолжувате надолу: очите, па носот па устата.
Не се стегајте елегантно да го движите виното во устата или да правите гаргара. Можеби ќе се чувствувате глупаво, но виното ќе ви ја открие својата целосна комплекност само кога се меша со кислород. Декантирањето и вртењето во чаша ја имаат истата цел.

wine_tasting2_530_300_c1
Плукањето понекогаш се препорачува – и е секогаш прифатливо.
Ако планирате да пробувате голем број на вина на вашата тура, најдобро е да исплукувате во заеднички или лични садови за тоа откако ќе земете голтка од секое вино. Во спротивно, алкохолот ќе почне да влијае врз вашето оценување по извесно време.
Дури и да не исплукувате, не морате да го завршите секое вино. Целта на дегустацијата е да се проба виното, и тоа може да се стори со неколку голтки. Откако сте пробале колку што сакате, оставете го остатокот во чашата и продолжете со наредното. Верувајте, винариите го очекуваат тоа – нема да навредите ничии чувства.

girl-drinking-her-wine-and-watching-her-guy
Кога ги опишувате букето и вкусот на виното, не плашете се да погодувате.
Секое непце е различно. Аромите и вкусовите кои ги откривате може да бидат различни од оние кои другите ги препознаваат – нема точно или погрешно.
Конечно, запаметете дека не мора ништо да ви се допадне!
Виното може да биде добро направено и реномирано, но тоа не значи дека ќе ви се допадне најмногу. Оценувањето на виното е лична работа. Ако сите ги сакаме истите вкусови, не би имале широк ранг на вина – сорти и купажи, кои ни се допаѓаат. Верувајте им на вашите сетила за вкус!

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *