Купете Game of Thrones вино за комплетно уживање во последната сезона

Фановите на најпопуларната серија во светотот изминатите неколку години Game of Thrones освен во возбудата која им ја носат епизодите од последната сезона конечно имаат можност да го надополнат уживањето со чаша официјално Game of Thrones вино.
На пазарот се појавија три варијанти, црвена купажа, Шардоне и Каберне Совињон, кои се креација на наградуваниот енолог Боб Кабрал, кој и самиот е голем фан на Game of Thrones. Кабрал добил за задача да создаде вина кои ќе одговараат со силата на карактерите и тероарите од нивните кралства.
Црвената купажа е составена од шест различни сорти грозје, меѓу кои и Петит Сира и Зинфандел, и е наменета за сите оние кои сакаат суво и робусно црвено вино. За љубителите на бело вино тука е Шардонето, додека виното Каберне Совињон беше рекордно распродадено.
Вината се продаваат по цена од 20 долари, и можат да се купат на интернет преку следната адреса https://www.gameofthroneswines.com/retail-locations

Автор: Душко Стефанов

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *