Сте пробале ли вулканско вино?

Дали некогаш сте пиеле вулканско вино? Ако не, тогаш имате уште една причина час поскоро да ја посетите јужна Италија. На падините на најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, и денес расте посебно грозје.
Тоа расте на пониски температури од гроздовите кои растат на остатокот од Сицилија, пред се поради надморската височина од 1000 метри, но и поради двојно поголемата количина на вода која паѓа од атмосферата. Но, нешто пониските температури не значат недостаток на сонце на падините на Етна.
Вулканското тло, надополнето со медитеранското сонце, дождот, големата дневна разлика во температурата се предуслов за одлични вина.

etna-vigne_550_275
Се разбира, вулканското тло е најголемата специфичност на овој регион, а како со секоја ерупција се менува композицијата на тлото, така се менува и самиот вкус на вината кои потекнуваат од лозовите насади.
Најпознати вина од овој регион се Il Musmeci, Pietramarina, I Vigneri… а за да уживате во истите ќе ви требаат во просек околу 40тина евра.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *