Пиано

Некогаш, многу одамна… некаде, еден стар човек рекол… доброто вино треба да ти каже се за мајсторот и неговата тајфа или семејство. Година на раѓање, родно место, традиција, потекло…
Денес, винскиот свет за жал има некои други правила. Пиењето вино денес е страст, годишните граници се поместени, мислата и разумот одат во друга, спротивна насока.

Всушност, денес виното е љубов. Да, а љубовта??? Љубовта ја мериме со време на вложени емоции. Време потрошено на пиење вино со иста страст, или љубовта и виното… поезија и постела. Таму каде има страст, има и младост, убавина и многу, многу романтика. Затоа, најдете време за виното затоа што тоа е основа на мудроста и страста.

Суштината на животот е, се во свое време, тогаш, мораме да знаеме дека ќе постои и болка која ниту најдоброто вино не ќе може да ги излекува раните од неа… Виното е моментум, сега и веднаш.
Ете, малку повеќе од виното, и секој се претвора во љубовен поет. Така е тоа кога виното ќе го допре срцето… На здравје, за љубов и здравје…

Автор: Душко Стефанов

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *