Вината од Манастирот Буково најдобри на Меѓународниот саем за вино и мед во српско Неготино

Освен како духовни светилишта во кои многумина го пронаоѓаат својот мир, манастирите на Балканот се повеќе стануваат и препознатливи вински центри во кои се произведуваат врвни вина. Последниот пример за оваа наша констатација е винаријата на манастирот од Буково, Србија, кое е апсолутен победник на четеринаесеттото издание на Меѓународниот саем за вино и мед во српско Неготино.
Покрај титулата апсолутен победник, манастирската винарија ја доби и наградата за најдобро оценето вино во категоријата црвени вина и тоа за нивното Каберне Совињон од 2015 година.
Во категоријата бели вина за најдобро бело вино е прогласен италијанскиот ризлинг РТК „Клуч“ ДОО од Кладова.
За најдобро вино во категоријата розе вина е во производство на „Подрум Миливојевиќ 1972“.

 

Автор: Душко Стефанов

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *