Софија се подготвува за Балканскиот интернационален вински фестивал

Повеќе од 1000 вина од речиси 100 винарии ќе бидат понудени на дегустација на осмата едиција на Балканскиот интернационален вински фестивал кој од 7ми до 9ти јуни ќе се оддржи пред Националната палата за култура во Софија, Бугарија.
Додека завршните подготовки за фестивалот се во полн ек, во тек е регистрацијата на натпреварувачите за најдобри вина од балканскиот регион, а стручното жири овој пат е составено од четири носители на најпрестижната титула за вински експерти, мастер за вино. Жирито ќе биде предводено од првиот мастер за вино на Балканот, Константинос Лазаракис.
На присутните на овој настан ќе им бидат понудени за дегустација најдобрите сто вина произведени во Бугарија, Грција, Романија, Турција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грузија и се разбира Македонија, а секој посетител ќе има ексклузивна можност да ја збогати својата винска колекција, или да подари шише врвно вино по ексклузивна цена.
Освен во фестивалската зона, врвните вина ќе може да се пробаат и во најголемиот број ресторани низ Софија, кои во рамките на неделата на ресторани во Софија ќе понудат различни видови на храна во комбинација со вина.
Се разбира, целиот настан ќе биде препратен и со многу музика, која ќе ја надополни целокупната атмосфера.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *