Како правилно да ги измиете Вашите омилени чаши за вино?

Виното е врвно уживање кое го дополнуваат многу работи, меѓу кои се разбира е и чашата за вино. Но, не секогаш миењето на чашата за вино знае да биде уживање, пред се поради нивната специфична големина и тенкото стакло. Во продолжение ви ги откриваме четирите најголеми грешки кои ги правите при миењето на вашите омилени чаши за вино.
1. Ги држите за дршката
Тоа е најтенкиот и најчувствителен дел од чашата. Додека ја миете, најдобро е да ја држите за горниот дел, бидејќи таму е доста поцврста. Плус, кога ќе ви стане лизгава под млазот вода, ќе ви биде потребен цврст стисок.

2. Ги миете со врела вода
Ве разбираме, сакате стаклото да биде чисто, блескаво и без бактерии. Но, премногу жешката вода може да предизвика пукање на деликатното стакло. Наместо тоа, прилагодете ја водата да биде млака.

Glasses of white wine in a line

3. Користите детергент со мирис
Знаеме дека го обожавате оној сјај со мирис на лимон, но доколку го користите на чашите за вино, постои шанса да го загрозите вкусот на виното следниот пат кога ќе ја употребите. Имаме подобар план: изберете опција без мирис!

4. Ги оставате чашите да се сушат на воздух
Откако ќе ги измиете, секогаш ги оставате сами полека да се исушат на воздух. Но, ако имате тврда вода, минералите може да остават отпечатоци од капки вода на нив. Наместо тоа, секогаш пребришувајте ги со крпа или пешкир од микрофибер за да изгледаат блескаво и чисто.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *