Направете совршен десерт со црвено вино и чоколадо

Виното и десертот се секогаш перфектна комбинација, особено кога дел од виното ќе го вклопите и во самиот десерт.
За овој десерт со црвено вино и чоколадо потребни ви се следните состојки:
2,5 дл. црвено вино
250 гр. шеќер
250 гр. брашно
250 гр. мелени ореви
1 прашок за пециво
250 гр. маргарин
100 гр. чоколадо
100 гр. шеќер во прав
малку цимет
ПОДГОТОВКА:
Се ставаат пола од оревите, брашното, шеќер, цимет, прашок за пециво и вино и се меси тесто, па се става во плех со масло.
Се пече на 180 степени додека не порумени, се лади и се мачка со фил.
Маргаринот се мати со шеќер во прав и се додава истопено чоколадо, па се премачкува колачот.
Се лади и сече на коцки.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *