Да, да, постои и црвено пенливо вино

Навикнати дека пенливите вина треба да бидат бели или розеви, помалку ни е чудно кога ќе ни понудат црвено пенливо вино. Но, црвеното пенливо вино е и тоа како реалност, особено во Австралија, Молдавија и се разбира во Италија, земјки кои имаат значително производство на црвени пенливи вина.
Иако ја нема славата на регионот Шампањ, најдолга традиција на црвено пенливо вино ја има на апенинскиот полуостров каде со векови се произведуваат вкусни црвени пенливи вина, меѓу кои најпознати се Браше, Бонарда и Ламбруско.

d2910018-63c0-45a2-a573-6045cc9cdccd--8889270094_bb63fc6015_z
Во Австралија, црвено пенливо вино најчесто се прави од грозјето Шираз. Она што го прави посебно ова вино е слаткиот вкус, иако многу често може да се најдат варијации на суво вино, со полно тело и танини.
Свои специфичности препознатливи само за него има и црвеното пенливо вино “Бисер на Азербејџан”. Направено од грозјето Мадраса, ова вино е гордост на Азербејџан, кој потврдува дека и тоа како што има да му понуди на винскиот свет и покрај силната сенка од неговиот сосед, Грузија која има вековна винска традиција.
Автор: Душко Стефанов

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *