Со одбрано англиско вино кралицата Елизабета II го пречека Доналд Трамп

Англиско пенливо вино како и црвено вино „Šato Lafit-Rotšild“ од 1990-та година чија цена е 1.600 евра од шише беа само дел од понудата од раскошната вечера која синоќа во Бакингемската палата ја приреди британската кралица Елизабета II во чест на првата посета на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Но, и покрај одличната селекција на вино, првиот човек на Соединетите Американски Држави не пробал од истото, бидејќи тој воопшто не конзумира алкохол.
На кралското мени помеѓу другото, се нашле филе подготвено на пареа, младо јагнешко месо, а потоа биле послужени сув колач од јагоди со крем од лимон, свежо овошје, кафе и ситни колачи.

kNSTy-20190604094532
Музичкиот избор пак опфаќал музиката на Хендл, американскиот композитор Арон Копланд и британските музичари Ед Ширан и Ејми Веџ.
На програмата бил и „Tonight“ од американскиот мјузикл „Приказна од Западната страна“.
На свечената вечера покрај Трамп присуствуваа и неговата сопруга Меланија и нивните четири деца, додека кралицата Елизабета меѓу своите гости ги повикала и принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, како и принцот Вилијам со неговата жена Кејт.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *