„Француски парадокс“ или зошто треба да пиете црвено вино

Постои ли поголемо уживање од долг и вкусен ручек со оние кои што ги сакате и бројни здравици со чаша црвено вино полна со сладок мирис, силен вкус и убава темно црвена боја? Се разбира не, особено кога знаете дека тоа не е никако штетно за Вашето здравје.

Научниците откриле дека ресвератролот кој го содржи црвеното вино го брани нашето тело од голем број бактерии. Но има и многу други здрави состојки освен ресвератрол кои црвеното вино ги содржи.

Французите, кои секојдневно пијат барем една чаша црвено вино скоро и да немаат онколошки проблеми и проблеми со кардио-васкуларни заболувања иако нивниот начин на исхрана ги поттикнува овие болести. Научниците ова го нарекуваат Француски парадокс и веруваат дека ваквиот резултат е токму поради секојдневното конзумирање на црвено вино.

Се разбира, црвеното вино е добро и за останатиот дел од организмот, па затоа не двоумете се да ја наполните Вашата омилена чаша и да му се препуштите на задоволството.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *