„Тиквеш“ го има најдоброто вино на регионалниот вински натпревар во Софија

Врвното црвено вино „Cabernet & Merlot Oak Edition 2017” на винарската визба „Тиквеш“ ja доби специјалната награда „Најдобро на натпреварот“ (Best of Show) на најголемиот регонален вински натпревар „Balkans International Wine Competition 2019“, што по осми пат се одржа во Софија, Бугарија и на кој учествуваа сите поголеми прозводители на вино од земјите на Балканот и пошироко.

Покрај ова високо признание, уште дополнителни седум вина од бренд-платформата „Tikveš Chateaux & Domaines“ освоија медали. При тоа, златни медали освоија три вина: „Domaine Barovo white 2018“, „Domaine Lepovo Rosé 2018” и „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2017“. Добитници на сребрени медали се вината „Domaine Bela Voda white 2018” и „Château de Gourdon Vase de Pierre 2017“ (црвено), додека бронзени медали добија вината „Château de Gourdon Terrasse au Soleil 2018” (бело) и „Château de Gourdon Mistral au Jardin 2018“ (розе).

 

За значајнота на наградата говори и фактот што наградите се освоени во конкуренција на повеќе од 1000 вина од повеќе од 100 винари од целиот балкански полуостров, но и еминентноста на жири комисијата која беше предводена од првиот мастер за вино на Балканот, Константинос Лазаракис.

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *