Заштитете ја кожата од сонцето со чаша вино

Иако календарски сеуште сме пролет, по се изгледа дека летото веќе пристигна. А ако ова лето сакате безгрижно да уживате во сонцето и да имате убав тен, покрај кремите за сончање, би Ви препорачале да се напиете и чаша вино, бидејќи тоа ја штити кожата од штетните ултравиолетови зраци.
Одамна е познато дека виното е здрав пијалак, секако доколку умерено се консумира. Главната состојка на виното е грозјето, а токму ова овошје содржи одредени компоненти кои ја штитат кожата од штетното зрачење.
Виното содржи флавоноиди, кои можат да го спречат настанувањето на хемиски реакции кои се случуваат во текот на делувањето на сонцето на кожата. Благодарение на тоа, виното не само што служи за превенција на кожата од изгореници, туку го спречува и развојот на канцерогените клетки како последица на влијанието на штетното зрачење на сонцето. Научниците сметаат дека производителите на кремите за сончање би требало во нивниот состав да го вклучат и грозјето, поради неговите лековити и здрави својства.
Се разбира, не претерувајте со виното, пред се поради алкохолот кој во комбинација со надворешните температури може да биде проблематичен. А ако веќе сте решени да уживате да претерувате, тогаш одберете ледени вински коктели кои ќе ја задоволат Вашата страст.

rose-wine-cocktails_sefvkm

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *