Започна четвртата „Алшар“ авантура

Со пристигнување на првите учесници и поставувањето на шаторите во фестивалската кампинг зона и официјално започна четвртата „Алшар“ мисија која и годинава ќе донесе многу активности, музика, забава и дружење по недопрените предели на Кожув планина. Оние кои уште синоќа ја започнаа својата нова „Алшар“ авантура уживаа во настапите на културно уметничкото друштво „Тиквеш“ и групата „Чардак“, а веќе денес од 17 часот започнува големиот музички маратон на кавадаречките рок бендови BadAssAll, Leksikon, M.A.D.M8’s и 4U Band кои ќе имаат свои анплагд концерти. Се разбира, како и претходните изданија, за крај на саботната вечер е предвиден настапот на DJ Славе Келешовски.

34811901_951532535019994_1496288690924683264_n

Главниот фестивалски ден е утре, недела, 7 јули. Официјалното отворање на АлШар 2019 е закажано за во 10 часот, а годинава честта да го отвори истиот ќе ја има Васил Јанкула, момчето кое и покрај церебралната парализа со трицикл изработен специјално за него помина 800 километри за 8 дена. Веднаш по свеченото отворање ќе следи и стартот на големата планинарска велосипедска тура, а веднаш по неа и малата велосипедска и големата планинарска тура. Последни од стартната рамнина ќе тргнат учесниците во малата планинарска тура чиј почеток е закажан за во 11 часот.

SONY DSC

Се очекува првите учесници во кампот да пристигнат околу 14 часот, каде што традиционално на сите учесници со купен купон за учество ќе биде обезбеден ручек. Се разбира, во текот на целиот ден во централната фестивалска зона ќе има забавна програма, која ќе заврши со извлекување на подароците од спонзорите.
Со оглед на големиот број на гости и рекреативци кој се очекува, организаторот, здружението „Тиквешки точакџии“ ги информира сите оние кои што сакаат да бидат дел од настанот да ги почитуваат сообраќајни знаци, да не се вози со моторцикл во фестивалската зона и на местата наменети за пристигнување на учесниците, велосипедистите да не возат на неозначени места и да се почитува поставената саатница и протокол за настанот.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *