Заврши второто издание на „Фестивалот на староградска музика и вино“ во Битола

Стиховите „За Солуна, за Стамбола, Битола не давам“, но и „Ајде вино пијам, вино пијам“ втора година по ред се разлеаа по Старата битолска чаршија каде годинава по втор пат се оддржа „Фестивалот на староградска музика и вино“.
Фестивалот помина во одлична атмосфера, а дел од гостите понесеси од звуците на староградската музика, фестивалот го завршија играјќи валцер, за што добија заслужен аплауз.

9-3
Низ текот на двете фестивалски вечери се пиеа вината на винаријата „Чифлик“, присутните ги забавуваа Деспина и Марија Груевска, односно Сефедин Бајрамов, Икс Бенд и Мелос Бенд кои настапија на втората фестивалска вечер.
Фестивалот на староградска музика и вино е во рамки на Битолско лето 2019 година, а целта на истиот е враќање на сјајот на битолската чаршија.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *