„Шардоне“ на ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“ е се што сакам ова лето

Летото е прекрасно, особено кога ќе го споите одморот со вино. Замислете, лежите на некоја убава песочна плажа и пиете изладено Шардоне гледајќи го зајдисонцето, или пак наздравувате со Вашите драги лица во некој убав ресторан разладувајќи се со Шардоне послужено на 20 степени пониска температура од надворешната.
Златното „Шардоне“ на ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“ е перфектниот избор за најжеките денови од годината. Изладено на температура од само 10 степени, ова вино со лесен, свеж, хармоничен и долготраен шмек со продолжен завршеток кој е резултат на вкусот на зрела јаболка комбиниран со цитрусна позадина е вистинско винско освежување за сите вљубеници во виното кои и на +40 не се откажуваат од него.

_DSC0012_1
Ова вино совршено одговара со пастрмка, лосос и морски плодови, како и со лесни меса, пилешко (печено или во крем сос), мисиркино и разни тестенини, кои пак се прв избор на храна за во летните денови.
Виното „Шардоне“ на ВВМ „ГД-ТИКВЕШ“ можете да го најдете во секој поголем ресторан во земјава, а доколку сакате да уживате во него на Вашата омилена плажа, можете да го купите од сите подобро снабдени маркети, како и во винотеката на винарската визба „Гоце Делчев“ лоцирана на улица Шишка бр.2.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *