Како да го зачувате Вашето вино ладно и на +40?

Жешко летно сонце, песочна плажа, бранови кои доаѓаат кон Вас некаде од далечината, а Вие легнати под чадор ја уживате оваа глетка со чаша ладно Шардоне во рака. Вака некако изгледа рајот, нели? Се разбира, не би сакале да престане ова уживање, најмалку по половина час кога секоја следна голтка од Вашето вино ќе станува се потопла и потопла. Како да го продолжите уживањето и да го зачувате Вашето вино ладно и на +40? Еве неколку корисни совети.
Фрижидер за на плажа полн со мраз е секогаш прва опција, се разбира и наједноставна. Само внимавајте на која плажа одите, затоа што во некои земји носењето храна и пијалок на плажите е забрането.

Додавањето сол на мразот е совршен трик. Иако не треба да ја сваќате хемијата, виното ќе ви биде ладно, а Вие ќе уживате во него.

Наместо мраз секогаш можете да сметате и на водените балони, кои претходно добро сте ги изладиле во замрзнувачот.

Замрзнати гроздови. Ова е можеби перфектниот избор, особено за вистинските вински фанатици. Гроздовите нема да го разводенат Вашето вино, а ќе Ви донесат дополнително уживање, особено кога по последната голтка ќе ги вкусите и нив, секако збогатени со сите ароми и мириси кои ги содржи виното.

12847190534_651e321820_b

Вински мраз е исто така одлична опција, но можеби најскапа, затоа што ќе морате да искористите едно шише вино да создадете совршено замрзнати вински коцки.

За крај, не заборавајте на моќта на Вашиот веќе прочитан весник. Само натопете го, завиткајте го околу шишето и ставете го во замрзнувачот.

Практикувајте ги овие совети, и не заборавајте да го одберете Вашето омилено Шардоне кое го произедува ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *