Како да одберете вино во ресторан?

За оние кои немаат доволно искуство, избор на вина во ресторан може да биде голем проблем, а неретко и причина за посрамотување пред пријателите и другите луѓе!

Секако никој човек не се родил со искуство и знаење па токму затоа еве неколку едноставни совети како да да станете експерт за вина и да знаете какво вино да нарачате во кој било ресторан во светот.

1. Стапици со цена
Искуството учи сопствениците на рестораните дека вината кои имаат лоша продажба (заради лошиот квалитет) треба да бидат малку над оние со минимална цена.

Идејата е дека клиентите кои држат до себе нема да го купат најевтиното вино, туку некое кое е веднаш после него.

Така лошото вино лесно ќе се продаде!

Затоа, ако немате многу пари не бегајте од најевтините вина, големи се шансите тие да се подобри од малку поскапите. Исклучок е, се разбира, виното на куќата, кое е приказна сама за себе.

serving-banner

2. Вино на куќата
На изглед најповолната понуда, таканареченото „вина на куќата“ е всушност класична замка со која сопственикот сака да ви наплати цена за една чаша вино со која тој всушност купува цело шише.

Колку и келенерот да ве уверува дека виното на куќата е одлично секогаш нарачувајте само една чаша.

Така ќе имате можност да се уверите во неговите зборови и да продолжите понатаму со истото или некое друго.
3. Чаша или шише?
Да нарачате од самиот почеток цело шише вино или да пиете чаша по чаша? Логиката на паричникот е едноставна, обично чаша добро вино чини четвртина од цената за цело шише.

При што, количината не е пропорционална. Секако доколку сте сигурни дека ќе исипете барем четири или повеќе чаши веднаш одлучете се за шише.

Но, и тука постои финта.

Нарачувајќи чаша по чаша можете да откриете повеќе сорти на вина, повеќе неверојатни комбинации со храната. Чашата во тој поглед е незаменлива.

choosing-wine-restaurant
4. Пијте локално
Најчестиот совет на гастрономите за патниците е: Пијте вино и јадете производи од локалната средина!

Значи ако сте надвор од вашата земја, ЗАДОЛЖИТЕЛНО пробајте ги локалните вина, најчесто се далеку поевтини од брендираните светски вина, а навистина ќе ве воодушеват.

Уште и ако самиот менаџер е љубител на вино, сосема сигурно е дека ќе ви открие цело богатство на вкусови.
5. Уште една замка со цената
Постојат едноставни психолошки трикови на кои веднаш ќе „паднете“. Кога во ресторан ќе ја отворите винската карта и ќе видите дека повеќето чинат над 50 евра, но има и такви кои чинат 25 евра.

Колку и планиравте да потрошите, искуството говори дека на крајот сепак ќе изберете вино меѓу 35 и 40 евра. Сосема непотребна постапка која подоцна значително може да влијае на вашето расположение.

young woman enjoying white wine
young woman enjoying white wine

6. Прво храна, потоа вино
Најчесто штом седнете во ресторан веднаш се појавува келнерот со винската карта прашувајќи ве што ќе изберете.

Во ред ќе нарачате вино, но знаете ли што ќе јадете? Постојат некои јадења кои едноставно не може да се служат со кое било вино.

Главно тоа се јадења со многу шеќери, горчливи или многу зачинети јадења. Овие јадења во комбинација со погрешно вино се претвораат во вистинска катастрофа. Затоа секогаш рво изберете храна а потоа вино.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *