Црвено вино во лето??? Зошто да не!!!

Леттото е во својот зенит, а како и многумина вљубеници во виното можеби и Вие веќе ги оставивте Вашите омилени шишиња црвено вино за некои постудени есенски денови водејќи се по народната дека црвеното вино е за постудените денови, додека во лето се пие бело вино. Да, грешка сте, и вратете ги црвените вина на Вашето мени веднаш, затоа што оваа навика базирана пред се на храната која се консумира во лето едноставно треба да исчезне.
Како е создаден овој мит?
Неспорно е дека вината со полно тело и висок процент на алкохол не се комбинираат добро со класичната летна храна, па речиси и срамота е да се пие црвено вино со храна која никако не може да биде комбинирана со него. Вториот аспект секако се содржината на танини во виното во летниот период. Кога танините доаѓаат во контакт со плунката создаваат необично чуство на непцето кое едноставно не сакаме да го имаме во устата во лето. Најдобар начин да го избегнете ова е да ја зголемите температурата на виното, но пред тоа треба да знаете дека ова ќе го зголеми нивото на алкохол во устата, и ќе го направи пијалокот потежок за голтање.
Да, точно е дека сите црвени вина не се погодни за во лето, но има црвени вина во кои морате да уживате. Виното Чианти е само еден пример на вино кое совршено би ги задоволило Вашите потреби за уживање во црвено вино среде лето. Лесните црвени вина се перфектна алтернатива за белите вина во лето, па затоа, одберете чаша црвено вино и не плашете се, затоа што сите големи трендови започнуваат така.

 

Автор: Душко Стефанов – Боемот

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *