Во Дојран се оддржува „Фестивалот на рибата и виното“

Во Дојран во тек е второто издание на „Фестивалот на рибата и виното“. На тродневниот фестивал кој започна во петокот посетителите на ова туристичко место ќе можат да уживаат во дојранските специјалитети од риба, квалитетно вино од македонски винарии, но и во добрата музичка програма која ќе трае до раните утрински часови. Сето тоа се прави во интерес на посетителите и гостите кои го избраат Дојран како туристичка дестинација но и оние што планираат да бидат дел од ова туристичко место кое станува се по атрактивно.

„Наша примарна цел е да го збогатиме културно забавниот живот во Дојран во интерес на гостите од една страна но и да ги промовираме специјалитети со дојранска риба кои се единствени во државата и доста вкусни. Ова нека биде и покана до сите, да дојдат во Дојран и да пробат риба на трска, риба под капак, крап-тава, крап на скара, специјалитети од перкија, сом, плескавици од икра, млечка и многу други разновидни специјалитети кои ќе ги има на штандовите на плоштадот, каде ќе бидат и штандовите со македонски вина“ изјави градоначалникот Анго Ангов кој информираше дека над 10 илјади посетители уживаат овие денови во Дојран и се бара легло повеќе за сместување

На првата вечер од фестивалот настапија Александар Тарабунов и Eye Cue со свои репертоари, денешниот ден беше посветен на Елена Велевска и Сузана Гавазова со групата „Академци“ додека фестивалот кој се оддржува на плоштадот „Под Јаворите“ ќе заврши во недела со настапите на Слаткаристика и „2 бона“.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *