Народниот мит ги исфрла сулфтите од виното

Побарувачката на потрошувачите во прехранбената индустрија расте многу брзо. Мега трендот за “природни и чисти” производи исто така влијае врз винската индустрија. Потрошувачите бараат производителите на вино да го намалат користењето на егзогени (надворешни) производи, како на пр. конзерванси. Ниската содржина на сулфити, дури и производство на палета вино без сулфити е глобален водечки тренд во винската индустрија, и покрај бројните негови својства кои значително влијаат врз самото вино.
Зошто луѓето не сакаат сулфити во виното? Главната причина пред се е митот дека сулфитите предизвикуваат главоболка. И покрај тоа што е научно докажано дека сулфитите не предизвикуваат главоболка, митот и понатаму продолжува да постои. Помалку од 1% од луѓето се вистински чувствителни на сулфити. Кога таа чувствителност се манифестира, реакцијата е во вид на алергија како на пример отежнато дишење. Главоболката е последица од додадените шеќери или други хемиски супстанции како што се хистаминот и тираминот.
Но, како да се намалат сулфитите во производството на вино? Секојдневно на пазарот се појавуваат нови производи кои ги отстрануваат сулфитите од виното, но како и при купвањето на секој производ, бидете внимателни во изборот, особено ако произведувате поголеми количини на вино.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *