Од каде традицијата на пиење вино по натпреварите во Премиер лигата?

Англиската премиер лига само што започна, на задоволство пред се на милионите фудбалски фанови ширум светот, но и на тренерите, кои по три месеци пауза повторно ќе и се вратат на својата омилена винска дружба по натпреварите. Дефинитивно,  винската дружба на тренерите по натпреварот е една од најубавите традиции која стана составен дел од англискиот фудбал.

Оваа сега веќе нормална појава почна да ја негува кој друг ако не легендарниот Сер Алекс Фергусон, а на големо изненадување, пред се затоа што доаѓа од Франција, вино со противнички тренер никогаш нема пиено сега веќе поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.

На средбата со шише вино после натпреварите, тренерите дискутираат за тактиката, за перспективата и општо за животот.
Оваа традиција ја негуваат тренерите домаќини кои ги канат гостинските колеги. Конте и Гвардиола на пример, веднаш ја прифатиле оваа убава традиција. Ван Гал ѝ пристапил грубо, па еднаш го налутил Сем Алардајс: „Секогаш го викам гостинскиот тренер во канцеларијата, да се напиеме и да помуабетиме за мечот. Бев непријатно изненаден кога Луј Ван Гал не ме покани по нашиот меч со Манчестер Јунајтед. Ферги секогаш викаше на шише вино“, се сеќава Големиот Сем.

van-gaal-wine-1454150449-800 (1)

Роберто Манчини кога дошол во Манчестер Сити им дал некоја диета на играчите во која имало и по некоја чаша вино. Италијанецот еднаш засекогаш „го купил“ и Фергусон:

„Највкусно вино? Ми го послужи Манчини после мечот со Сити. Пиевме чудесна Sassicaia“.
Алекс Фергусон дошол во Манчестер Јунајтед во 1986 година и тој прв викнал гостински тренер во својот кабинет после мечот.

„Ја започнав традицијата на разговори после натрпеварите со бокал добро вино“, рекол Сер Алекс пред 30 години во едно интервју за Telegraph.

Речиси малку познато е дека во младоста Ферги имал сопствен паб и дека обожавал да пие вино.

Во 1971 година, тогаш 33-годишниот Ферги бил познат фудбалер во Шкотска и сакал да се проба како тренер. Во единствениот клуб (Ист Стерлингшир) кој се согласил да му даде шанса му предложиле 40 фунти неделно.

Ферги брзо заработил некоја пара, купил бар и го нарекол во своја чест „Ферги-бар“. Во автобиографијата која што ја издаде во 2013-та година, сер Алекс пишува дека таа „келнерска“ работа му помогнала подобро да ја запознае човековата природа, страста и желбите кај луѓето.

Кога го отворил пабот уште не се разбирал многу во вино, па на годишнина од свадбата купил шише вино за 15 фунти. Жена му Кети за малку не го избркала од дома поради тоа што бил опседнат со фудбалот: „Имаш ли памет ти? Најди си некое хоби надвор од теренот, опседнат си со играта, во такво темпо ќе се убиеш себеси“.

Така Фергусон почнал да пројавува интерес за винарство. Бесповратно се вљубил во виното во зимата 1991 година, кога Манчестер Јунајтед гостувал во Монпелје на дуел од четвртфиналето во Купот на Куповит
Сега Сер Алекс има виногради во Јужна Африка, а ги обожава италијанските црвени суви вина: Tignanello Antinori (елитно вино со добро избалансиран вкус на овошни ноти од јагода и ванила кое лежи со месо или сирење), Ornellaia (посилен овошен вкус тесно поврзан со листови од тутун и зачини), Sassicaia (магичен микс и вкус на вишна, сочна јагода и зачини), како и Brunello di Montalcino (посилен концентриран вкус кој добро оди со говедско месо, бифтек од Фиренца или тестенини со мелено месо).

Сер Алекс Фергусон одгледува разни сорти вина, се дружи со вински писатели и со телевизиски кулинари како Оз Кларк (еден од најпознатите авторитети и дегустатори на вино во светот) и со винскиот трговец Џон Армит. Во 2014-та година Фергусон произвел сопствена колекција од свое вино и пуштил само 5.000 шишиња на аукција.

„По завршувањето на кариерата имав повеќе време за патешествија за нови вина“, рекол легендарниот Шкотланѓанец.

Најскапото вино коешто го поседувал во колекцијата било бургундското вино Domaine de la Romanée-Conti од 1997 година кое што чини 160.000 долари. На аукцијата го продале за 3 милиони фунти. Алекс средставата ги вложил во патешествија и запознавање со нови сорти вино а в 2015-та дал 250.000 фунти за развој во областа на онкологијата.

И поранешниот менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо исто обожува да седне на вино.

„Тој беше полн со емоции. Ме викаше бос и добриот човек кога пиевме после првиот меч“, се сеќава сер Алекс.

0617589001455213822_filepicker

Иако сака да пие вино, Жозе и покрај тоа што доаѓа од винска Португалија не се справувал добро со изборот на вино.

„Ако нашата беседа продолжеше, продолжувавме и со виното. Еднаш ми предложи едно вино со силна црвена боја“.

Сер Алекс раскажал дека Роман Абрамович една недела подоцна му пратил пакет елитно тосканско вино Tignanello.
Колку оваа традиција значи добивме потврда пред речиси две години кога тренерот на Бристол Сити, Ли Џонсон кој буквално ги украдил парите од касичката на ќерка си за да купи врвно вино за Мурињо. Португалецот не го проба виното, но сепак тоа имаше сладок вкус за Џонсон чиј тим го сврте вниманието врз себе со шокантниот триумф над црвените ѓаволи.

Untitled1

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *