Овој викенд, Вински бал во Власотинце

Под слоганот „Секоја мода поминува, само виното останува“, во петок и сабота, 23 и 24 август во српско Власотинце ќе се оддржи 34тото издание на Винскиот бал. Во рамки на манифестацијата посветена на славењето на виното и грозјето ќе се оддржи и четвртиот меѓународен Салон на вино на кој посетителите ќе можат да пробат и купат локални вина, но и вина од останати винарии од Србија и регионот, меѓу кои и вина од Македонија.
Винскиот бал започнува во петок во 15 часот, со готвење на виноградска јанија, како што и прилега на Вински бал, а веднаш потоа ќе се плива и со винско буренце, а за вечерта се предвидени концертите на Снап ФМ и Лексингтон бенд.
Винскиот салон ќе биде отворен во сабота, во 17 часот, а на истиот учество ќе земат околу 30 винарии. Покрај осумте домашни винарии од Власотинце, учеството го најавија и македонските „Тиквеш“ и „Бовин“, кои заедно со неколку винарии од Црна Гора, Унгарија и Бугарија ќе ги претстават своите вина пред српската публика.
Финалните фестивалски настани започнуваат во сабота во 19 часот кога ќе бидат прогласени победниците на конкурсот за најдобри вина, песна и карикатура на темите вино и грозје, како и за најубава девојка, по што ќе следи концертот на Драгана Мирковиќ, со кој и официјално ќе заврши годинешното издание на Винскиот бал.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *