Пробајте бифтек во сос од црвено вино

За сите гурмани и љубители на телешкото месо ова ќе биде уште еден деликатес во кои ќе уживате во друштво со Вашето омилено црвено вино.

СОСТОЈКИ:

Месо: 200 г бифтек, сол, црн пипер;

Пире: 60 г целер, 2 дл млеко, 5 г путер, сол, црн пипер; Зеленчук: 30 г морков, 20 г брокула, сол, коцка путер;

Сос: 1 дл црвено вино, 10 г шеќер, 5 г путер, 1 чешне лук, 1 кромид

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Месо: зачинете го бифтекот со сол и црн пипер и пропржете го од двете страни по 4 минути.
Пире: сварете го исчистениот целер во млекото да омекне, додајте 5 г путер, зачинете по вкус и изблендирајте.

Зеленчук: сварете ги морковот и брокулата во посолена вода, а пред сервирањето, додајте малку путер.

Сос: исечкајте ги кромидот и лукот и динстајте ги додека омекнат. Карамелизирајте шеќер, додајте црвено вино и почекајте малку да испари течноста. Додајте ги испржениот кромид и путерот и прелејте ја смесата врз бифтекот.

3 совети за избор и приготвување месо

Паткино филе Пригответе го во тава, а сервирајте го, на пример, со сос од шумско овошје и со пире од карфиол.

Телешки котлет Наполнете го ова лесно црвено месо со козјо сирење и со суви сливи, обликувајте ролнички и испечете ги во рерна.

Туна Налето рибата е добредојдена! Маринирајте ја во маслиново масло, мајчина душица и лукче, грилувајте ја и сервирајте со омилениот зеленчук.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *